| четврток, 6 декември 2018 |

Над 100 медиуми од целиот свет ќе го следат референдумот во Крим

krim

Новинари од над 100 медиуми од целиот свет пристигнаа во Крим за следење на референдумот во украинската автономна република, закажан за 16 март, јави Итар-Тасс.

– До 10 часот утринава во прес-центарот, без да се смета Врховниот совет на Крим, регистрирани се над 400 новинари – изјави раководителката на прес-центарот Маргарита Бережнаја. Според неа до 18 часот, кога ќе заврши регистрацијата, нивниот број може да се зголеми.

Бережнаја нагласи дека околу 80 проценти од новинарите се од странски медиуми, вклучително од Јапонија, Кина, Белгија, Холандија, САД, Велика Британија, Шпанија, Германија, Франција и други

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top