| четврток, 6 декември 2018 |

Оставете ги цигарите – ќе го поправите расположението

pusenje

На тие што престанале да пушат цигари, им се поправило расположението, покажало новото истражување.

Главната порака е дека луѓето што престанале да пушат се чувствуваат подобро отколку кога пушеле, изјави Пол Авајард, водителот на британските научници од Универзитетот „Оксфорд“.

Општо е познато дека откажувањето од цигари спасува животи.

Британските научници дошле до овие заклучоци откако ги проучиле резултатите од 26 различни истражувања за тоа како влијае откажувањето на цигарите кај личности кои просечно пушат по 20 цигари дневно. Во тие истражувања е проценето дека состојбата на менталното здравје е подобрена откако се откажале од цигарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top