Невработеноста во Грција продолжува да се зголемува откако во последниот квартал од минатата година достигна 27,5 проценти, наспроти 27 проценти во третото тримесечие и 26 проценти на крајот од 2012 година, соопшти денеска грчката Национална статистичка служба.
Во периодот октомври-декември 2013 бројот на невработените изнесувал 1,36 милион лица, а биле вработени 3,59 милиони луѓе.
Вработеноста на годишно ниво се намалила за 2,5 отсто, а невработеноста се зголемила за 5,2 процента.
Невработеноста кај жените достигнала до 31,7 отсто, а кај мажите до 24,4 проценти. Без работа се 57 проценти од младите луѓе на возраст до 24 години.
Најголема невработеност има во грчките области Централна Македонија (30,3 отсто), Западна Македонија (29,7 отсто) и Западна и Континентална Грција (28,9 проценти).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција



