Легендарниот германски фудбалер Ули Хенес ќе мине три и пол години во затвор поради затајување данок во висина од преку 15 милиони евра.
При истрагата се покажа дека актуелниот претседател на Баерн Минхен затаил огромна сума данок, тој си призна дека направил кривично дело, а можеше да добие и многу повисока казна. Се спомнуваа дури 10 години затвор, но Хенес мина со 42 месеци, кои ќе мора да ги мине зад решетки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


