Фудбалерот на Арсенал, Никлас Бендтнер, кој е познат по неговото непримерно однесување, во вторникот повторно се најде во центарот на вниманието поради инцидентот што го направил во Копенхаген.
Данецот по реваншниот натпревар од осминафиналето на неговиот Арсенал против Баерн, во алкохолизирана состојба му се заканувал на таксист.
Таксистот потоа повикал полиција, обвинувајќи го Бентнер за напад и изјавил дека контроверзниот фудбалер ги раскопчал и гаќите.
– Во текот на овие 25 години имав многу пијани луѓе во возилото, но никогаш не сум видел нешто слично – изјави таксистот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.