| четврток, 6 декември 2018 |

Ротвајлер нападнал мајка со бебе во Неготино

Куче од расата ротвајлер вчера пред хотел во Неготино нападнало мајка која се шетала со своето бебе.

Како што појасни денеска Анита Стојковска, портпаролка на СВР Велес, вчера во 14 часот на паркинг-просторот пред хотел во Неготино е констатиран прекршок „држење животни-куче без заштитна маска“ предвиден во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

– Четириесет и седумгодишна жена од Неготино додека го водела своето куче од расата ротфајлер без заштитна маска, кучето нападнало жена која во моментот се шетала со своето бебе, при што се здобила со видливи повреди – вели Стојковска.

Таа нагласи дека е подготвен записник за констатиран прекршок и ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top