| четврток, 6 декември 2018 |

Две лица палеле стрништа – пожарот ја зафатил и охридската касарна

Вчера напладне избил пожар во еден од објектите на охридската касарна. Противпожарната единица на Охрид веднаш реагирала и успеала да го локализира пожарот и да спречи понатамошно проширување со три противпожарни возила, пренесува „Охриднет“.

Пожарот почнал од запалени стрништа и капини во близина на касарната.

– Пожарот беше пријавен кај нас вчера напладне. Беше пријавено дека гори тревна површина околу касарната. Веднаш излеговме на самото место со осум пожарникари и тука затековме две лица што палеа стрништа и капини. Тоа се лицата Ристе Ристески и Цвета Наумоска, кои ќе одовараат за пожарот – изјави Горан Маркоски заменик командир на Противпожарна единица во Охрид.

Од Противпожарната единица  апелираат граѓаните да не палат стрништа.

– Апелираме до граѓаните да не преземаат вакви мерки за палење иза  чистење на нивите, како и на трската во реонот околу специјалната болница „Свети Еразмо“ и Подмолје, бидејќи мое да предизвикаат многу поголема штета. Нека ги кастрат или чистат нивите, а никако да палат. Казните се високи од три до пет илјади евра – предупредува Маркоски.

Во пожарот нема повредени предизвикана е материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top