| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановец прегази шестгодишно девојче

soobrakajka

Во сообраќајна несреќа загина шестгодишно девојче од кумановското село Слупчане.

Од полицијата информираат  дека Ф.Д. (21), управувајќи „форд транзит“, удрил во шестгодишната Елма Шабани. Од здобиените повреди таа починала на самото место.

Полицијата работи на целосно расчистување на сообраќајната несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top