| четврток, 6 декември 2018 |

Данкан, Паркер и Џинобили со 490 победи, го стасаа легендарното трио на Лејкерс

Легендарното трио на Сан Антонио што го сочинуваат Тим Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили ноќеска ја прокнижи 490. победа во НБА, со што го израмни билансот на успеси со магичниот трилинг на Лос Анџелес лејкерс во состав Меџик Џонсон, Карим Абдул Џабар и Мајкл Купер. Тоа е највисок скор на победи, а за да бидат осамени на врвот на триото „мамузи“ им треба уште само еден триумф.

Тие тројца ноќеска играа помалку од вообичаеното бидејќи победата над Портланд беше извесна во раната фаза од мечот. Џинобили постигна 13 поени, Данкан имаше 10 поени и 11 скока, а Паркер остана на 9 поени. Сите тројца поединечно одиграа помалку од 30 минути против Портланд.

Симболично, токму против Лос Анџелес лејкерс, задутре, со заеднички сили Данкан, Паркер и Џинобили ќе се обидат да победат и да го престигнат легендарното трио на „езерџиите“ во состав Меџик, Карим и Мајкл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top