| четврток, 6 декември 2018 |

Го живееме најтоплиот март на сите времиња?

До крајот на неделата највисоката дневна температура во Централна Европа ќе биде над просечната, дури и до три степени, вели Вајрон Дру, метеоролог од Велика Британија. Убаво, топло, сончево време се очекува во цела Европа. На север, во Скандинавија, се очекува уште потопло време. Постојат големи шанси температурите во тој дел на континентот да бидат и до пет степени над просеокот

toploten2

Европејците што живеат во централниот дел на стариот континент со денови уживаат во невообичаеното топло време за март. Во Берлин, Хамбург, Минхен изминатите седум дена било толку топло, што многумина граѓани зимската гардероба ја заменија со летна. Париз ги живее најтоплите денови во март откога постојат мерењата, пренесува „Дојче веле“.

До крајот на неделата највисоката дневна температура во Централна Европа ќе биде повисока од просечната, дури и до три степени, вели Вајрон Дру, метеоролог од Велика Британија. Убаво, топло, сончево време се очекува во цела Европа. На север, во Скандинавија, се очекува уште потопло време. Постојат големи шанси температурата во тој дел на континентот да биде и до пет степени над просеокот.

– Радијацијата на сонцето, е типична за овој период од годината. Тоа е во најголема мера причината поради која температурата е повисока од 20 степени. Сме имале и температура од 25 степени во крајот на март, во изминатите години – вели Ана Вичорек, германски метеоролог.

Истовремено, активноста на циклоните во северниот дел на Атлантикот го блокира студениот бран што би ја зафатил Западна Европа, вели Фолкер Ермерт, метеоролог од Институтот за геофизија и метеорологија на Универзитетот во Келн.

Германската метеоролошка служба во март, најдоцна во април, ги објавува прогнозите за концентрацијата на поленот. Овој пат, тие со подготовките почнале уште во јануари. Почетокот на годината во централна Европа почна со малку снег , што не ја одржува влажноста на земјата и ја зголемува опасноста од шумски пожари.

Метеоролозите советуваат да не се откажуваме уште сега од зимската гардероба, бидејќи топло ќе биде уште неколку дена. Од другата недела се очекува пониска температура.

-Климатските промени се во тек. Нашите проекции велат дека ќе се случи покачување на температурата од три до четири степени во следните сто години – вели Ермерт.

Иако е уште рано, овој експерт не ја исклучува можноста 2014 година да биде најтопла година во Централна Европа.

– Ако направите пресек на глобално ниво, ќе забележите дека минатите години имавме најтопли години. Со други зборови, последните неколку години е многу топло во атмосферата – заклучува Ермерт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top