| четврток, 6 декември 2018 |

Камерон: Нападите врз Израел се „варварски“

kameron izraelБританскиот премиер Дејвид Камерон остро ги осуди ракетните напади од Појасот Газа врз Израел, нарекувајќи ги „варварски“. Педесет ракети беа истрелани на првиот ден од престојот на Камерон во Израел, во време додека тој престојуваше во Ерусалим на разговори во израелскиот Кнесет и со  претседателот Шимон Перес.

Неколку ракети, лансирани од територијата на Газа, беа соборени од израелскиот антиракетен систем, додека другите паднаа во близината на една бензинска станица, до една библиотека и на отворена површина надвор од населено место.

Одговорност за нападите презеде милитантната исламистичка група Исламски џихад, која во синоќешното соопштение вели дека тие се одмазда за претходниоте напади на израелските сили врз Газа, во кои се тврди дека се убиени тројца Палестинци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top