
Косово е лош преседан, а Западот да се потрудеше малку повеќе, можеше да покаже дека признавањето независност на некоја територија значи исполнување меѓународни стандарди, а не само наградување на пријателите, оценува аналитичарот на фондацијата „Карнеги“ Томас де Вал за „Волстрит журнал“.
Де Вал во коментарот објавен во американскиот весник по повод претстојниот референдум на Крим нагласи дека во случајот на Косово е прекршен принципот на непризнавање на независноста на територија без согласност од матичната држава и оцени дека промената на статусот на некои територии треба да зависи од волјата на сите нејзини жители.
Како што наведува аналитичарот, одговорот на меѓународната заедница на референдумот на Крим закажан за 16 март треба да биде „Автономија – секако, независност – теоретски. Соодветни правни механизми – апсолутно“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


