Барселона и ПСЖ се третиот и четвртиот учесник во четвртфиналето на лигата на шампиони по вечерашните реванш средби во Париз и Барселона.
Екипата предводена од Лео Меси со 2:1 рутински го совлада гостинот од Манчестер. Барселона поведе со голот на Меси во 67 минута по што Манчестер остана со играч помалку.
До крајот Манчестер Сити само успеа да изедначи со голот на Компани во 89 минута но сепак не успеа да остане несовладан откако во последната минута домаќините успеаа да постигнат уште еден гол преку Дани Алвеш.
Во градот на светлината и покрај брзиот гол на Баер Леверкузен во шестата минута немаше спортска драма откако првиот дел заврши нерешено.
Головите за ПСЖ ги постигнаа Маркињо во 13 и Лавеци во 53 минута.
И на овој меч гостите останаа без еден играч поради црвен картон.
Вчера во четвртфиналето на Лигата на шампионите се пласираа Баерн Минхен и Атлетико Мадрид по елиминацијата на Арсенал и Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


