| четврток, 6 декември 2018 |

Стјуардесите полетаа од сцената на Театар Комедија

Teatar Komedija 01 (Custom)

Театар Комедија конечно во свој дом. Од вечерва овој театар, кој беше потстанар во Драмски театар, започна со претстави на сцената на поранешниот МНТ, на булеварот Климент Охридски. Со „Стјуардеси“ актерите од најмладиот театар во земјава им посакаа добредојде на гостите во преполната сала.

Билетарата на Театар Комедија ќе биде отворена од 9 часот наутро до 20 часот навечер. Утре на репертоарот е „Лет над кандидатското гнездо“, а во петок „За секого има по една…“.

Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top