| четврток, 6 декември 2018 |

Рангелова до Жерновски: Дали ќе ги корегирате невистините во отчетот?

Sednica

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски во својот отчет напишал дека е отпочнат процесот на гасификацијата и дека се работи на поставување на мерно регулационa станица, иако реализацијата воопшто не започнала.

На прашање на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, стручната служба на општината потенцира дека основен проект е направен, но реализацијата не е почната.

На ова реагираше советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, Даниела Рангелова. Таа го праша градоначалникот дали ќе го корегира отчетот кој им го дал на граѓаните.

-Во вашиот отчет од 19 јули пишува дека е отпочнат процесот на гасификација. Стои дека се работи на поставување на мерно регулационa станиц. Дали ќе си го корегирате отчетот што го дадовте пред граѓаните. Сега дознаваме дека воопшто не е отпочна гасификацијата, рече Рангелова.

Во изјава за медиумите, Жерновски дури и навел колкава е заштедата од гасификацијата, која не е ниту почната.

– Тaму е констатирано дo која фаза е дojден проектот, тоа е многу малку, но на тој начини има работено и Град Скопје. Мене ме радува што започна гасификација на Клинички центар, рече Жерновски.

Рангелова уште еднаш го праша Жерновски: Мене не ми е јасно дали е поставена мерно- регулациона станица и поврзување со главниот вод?

– Да не ја замајувате јавноста и да кажете дека имате проблеми и дека не е поврзана гасификацијата со главниот вод. Да ставите во отчетот “ стигнавме до таа и таа фаза“ и да објасните зошто не сте ставиле, има невистини во вашиот отчет и тоа треба да го корегирате Јас барам дa излезете пред јавноста да кажете дека тоа не е завршено, рече советничката.

Жерновски се обратил до Бирото за јавни набавки, каде му било одговорено дека треба да се распише тендер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top