| четврток, 6 декември 2018 |

Операта „Вертер“ ќе се пренесува во живо во „Синеплекс“

В сабота, со почеток во 17.55 часот, во Синеплекс ќе биде прикажана операта „Вертер“ од сезоната 2013/14 на Метрополитен (МЕТ) Опера.Новата продукција на режисерот Ричард Ејр е напната драма која говори за страста, опсесиите и потрагата.
Режисерот Ричард Ејр се враќа на сцената на МЕТ со нова продукција на трагичната романса на Масне „Вертер“. Во главни улоги се појавуваат Џонас Кауфман и Софи Коч со нивната прва изведба во Мет како замислениот поет Вертер и неговата недостижна љубов, Шарлот. Лизет Оропеса ја пее улогата на Софи, сестрата на Шарлот; Давид Бижиќ дебитира во улогата на верникот на Шарлот, Алберт; и Џонатан Самерс е таткото на Шарлот, Ле Баили. Алан Алтиноглу диригира со оваа нова продукција на операта, која е повторно поставена по повеќе од 40 години.

„Темните акустични тонови на тенорот Кауфман и даваат тежина на оваа драма. Неговата непосредност, остра како меч, го прави незапирлив. Секој момент ја има егзактната боја на вокал која е потребна“ – Вол Стрит Журнал.

Минатата сезона, Кауфман стана првиот артист на Мет по Лучијано Павароти кој има изведба на соло рецитал на сцената на Мет.

МЕТ: ЖИВО ВО HD, светски водечкиот дистрибутер на алтернативна кино содржина, ги прикажува оперските продукции во повеќе од 1.900 кино театри во 64 земји, меѓу кои се вбројува и Македонија.
Од сезоната 2013-14 преостануваат уште 3 извонредни оперски изведби. Безвременската љубовна приказна на Пучини „Боеми“, со Виторио Григоло кој глуми во неизмерно популарната продукција на Франко Зефирели (05. април); режисерот Лесли Кениг се враќа на сцената со првиот пренос во живо на изведбата на „Така прават сите“ на Моцарт (26. април); и Џојс ди Донато и Хуан
Диего Флорез во приказната за „Пепелашка“ на Росини, предводена од првиотдиригент на МЕТ, Фабио Луизи (10. мај). „Одбравме големи претстави, најдоброто за нашата нова сезона. На љубителите на операта ширум светот ќе им овозможиме да уживаат во изведбите и ќе им ја доближиме сета убавина од
МЕТ театарот“, изјавува Генералниот менаџер на МЕТ Питер Гелб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top