Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска присуствуваше на работна средба со раководниот кадар на МВР што се одржа во Центарот за обука во Идризово, а со цел за спречување на незаконското и непрофесионалното постапување на припадниците на МВР за време на изборниот процес.
За таа цел, изработен е специјален прирачник, во кој се содржани најважните делови од законската регулатива и препораки за полицајците, како да се однесуваат во одредени ситуации кога ќе треба да донесе одлука на самото место.
– Евидентно е дека во последниве неколку изборни циклуси полициските службеници во голема мера го имаат унапредено своети однесување, што значи се помалку се соочуваме со конфликтни ситуации, инциденти и проблеми кадешто се инволвирани полициски службеници, но сепак, и оваа година одлучивме повеќе од 7.000 полициски службеници да поминат низ децентрализиран систем на обука – изјави Јанкулоска.
Според неа, посебно важно за овие два паралелни изборни процеса – претседателските и предвремените парламентарни избори, е тоа што првпат ќе се одржуваат во ваква форма, но и според новиот Изборен законик, иако голем дел од полициските службеници постапувале и биле обучувани, сепак потребно е да се обнови знаењето и да се запознаат со новата законска регулатива.
Раководителот на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, Анета Станчевска, истакна дека вработените во МВР не смеат да ја доведат во прашање професионалноста и законитоста при вршењето на работите.
– Полициските службеници надвор од работното време да не се ставаат во функција на политичките партии во вршење на предизборни или изборни нерегуларности, да не го нарушуваат јавниот ред и мир и угледот на МВР, да се воздржуваат од какви било провокации на активисти на политичките партии. Доколку учествуваат во вакви настани, против нив ќе бидат превземени најригорозни дисциплински мерки – истакна Станчевска.
Дел од изјавата на министерката Јанкулоска може да погледнете на видеото на ТВ Република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И Гордана Јанкулоска го осудува бегството на Груевски
-
Почна судењето за „Тенк“
-
Во деветти месец од бременоста сум, покажете ги на дело фразите за заштита на мајката и детето – Јанкулоска со отворено писмо до Дескоска и Царовска
-
Успешно завршена обуката на 35 лица кои се социјално изолирани на пазарот на труд



