| четврток, 6 декември 2018 |

Мичио Каку: Патувањето низ времето и телепортирањето ќе мораат да почекаат

Познатиот американски физичар Мичио Каку раскажуваше во неодамнешното интервју за тоа каква иднина го чека човекот и на кој начин научните достигнувања ќе ни го променат животот.

Патувањето низ времето и телепортирањето ќе мораат да почекаат. Можеби ќе поминат векови пред да ја совладаме таа технологија. Но во наредните децении ќе ја сфатиме темната материја, можеби ќе ја тестираме теоријата на низи, ќе најдеме планети на кои е можно да се живее, а можеби ќе имаме „Brain 2.0“ (Мозок 2.0) т.е. нашата свест на диск која ќе преживее и кога повеќе нема да не име, пренесува „Блиц“.

Мислам дека во годините кои доаѓаат ќе имаме мозочен пејсмејкер кој ќе го стимулира помнењето на заболените од Алцхајмеровата болест. Тие ќе можат да аплоудираат едноставните сеќавања, на пример, кои се и каде живеат. Освен тоа, со помош на електрониката ќе можат да се аплоудираат годишни одмори на кои можеби никогаш не биле. А интернет ќе биде мозочна мрежа на чувства и сеќавања.

Дваесетиот век беше век на физиката, компјутерите, ласерите, телевизијата, радијата, GPS, интернетот итн. Физиката, од друга страна, овозможила истражување на билогијата. Затоа мислам дека 21-от век ќе биде век на физиката и биологијата, особено биологијата која може да се истражи по пат на физиката. Според тоа, иднината припаѓа на нанотехнологијата, биотехнологијата, вештачката интелегенција и квантната физика.

Се согласувам дека на крајот би требало да станеме вид кои населуваат две планети. Животот е премногу вреден за да се одвива само на една планета. Но, иста така, мислам дека треба да истражуваме нови начини да ги намалиме трошоците на летови во Вселената. Наместо скапи ракети носачи, можеби би требало да размислуваме за ракети на ласерски/ микроталасен погон или вселенски лифтови. До тогаш, трошоците на истражување на Вселената ќе ги ограничува нашите можности да ја истражуваме Вселената.

Мислам дека за колонијата во Вселената ќе биде потребно многу повеќе време отколку што мислат авторите на научната фантастика. За една фунта (453 грама) од што било да испратите близу Земјината орбита потребно е 10.000 долари, а вие да одите на Марс трошоците би изнесувале 200.000 долари по фунта.

За политиката
Проблемот е во тоа што политиката е игра на нулта сума, што значи политичарите се спорат околу тоа како да го намалат колачот така што на друг начин ќе ги распоредат парчињата. Јас мислам дека тоа е деструктивно. Наместо тоа би требало да направиме голем колач, т.е. да ја финансираме науката која е извор на нашиот целокупен напредок. Науката не е игра на нулта сума.

За учењето
– Неколку совети. Нека пламенот на љубопитност и чудење тлее дури и кога учите за досадните испити. Тоа е извор од кој живееме ние научниците и од кој ја црпиме енергијата. Учете математика. Математиката е јазик на природата и затоа ние мораме да го научиме тој јазик. Кога бев дете, имав два примери. Првиот беше Ајнштајн, чие беспотребна потрага по
теоријата ме фасцинираше. Но ја гледав и старата серија за Флеш Гордон на телевизија.

Бев воодушевен со се што видов, вселенските бродови, вонземјани, ласерски пиштоли и сл. Во еден момент сфатив дека физиката е она на што се заснова целата серија. Тогаш сфатив дека двата идола на моето детство се всушност една иста работa.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top