| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кинотека Недела на јапонски филм

kinoteka-086

Кинотека на Македонија оваа година покрај одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија, го прославува и своето петто издание на филмскиот циклус Недела на јапонски филм. Од петок во 20 часот, во Кинотека на Македонија ќе се одржува Недела на јапонскиот филм, насловен „Тајни на јапонската технологија: нинџи, преобразби, тимска работа“.

Според програмата, ќе бидат прикажани филмови на јапонските филмски великани Като Таи, Кон Ичикава, Јамамото Сацуо, Шинода Масахиро и Акехи Масајуки.

Со почеток во 20 часот в петок ќе биде прикажан „Банда на убијци“ на Јамамото Сацуо, во истиот термин утредента почнува проекцијата на „Храбрите подвизи на кланот Санада“ на Таи Като. В недела со почеток во 20 часот ќе биде прикажан анимираниот филм „Киборг 009: Легендата за супер вортексот) на Акехи Масајуки.

Следниот ден е одреден за „Враќањето на банката на убијците“ на Јамамото Сацуо, а во вторник во стандардниот термин – 20 часот – ќе биде прикажан „Одмаздата на кабуки актерот“ на Кон Ичикава.
В среда на репертоарот е „Самурајот – шпион“ на Шинода Масахиро, а в четврток е „Самурајот – скитник“ на Като Таи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top