| четврток, 6 декември 2018 |

Земјоделците од Пробиштип задоволни од владините субвенции

LER-IT-zemjodelec1-650x396

Земјоделците се задоволни од владините мерки во поглед на субвенциите, но побарале и стручна помош на трибината во Пробиштип, организирана од Фондацијата „Лер-ИТ“, а со цел актуелизирање на проблемите од областа на земјоделието.

Над 50-тина земјоделци од регионот на Пробиштипско покажале интерес за трибината, активно вклучувајќи се и со свои прашања и сугестии. Според Ангел Бојаџиев, извршен директор на фондацијата,

„Земјоделците не го криеја задоволството дека субвенциите како Владина мерка се доста корисни за нивното производство. Исто така искажаа и позитивни ставови за исплаќањето на субвенциите, посебно во време на сиедба кога е потребна набавка на нови семенски материјали. Она што недостига според нив е стручна помош во смисла на предавања и советодавни средби во кои повеќе ќе се запознаат со новите препарати, со новите технологии, со што би добиле повеќе знаења за модерно производство“, рече тој.

Според Бојаџиев, средбата со земјоделците од Пробиштип е токму во таа насока, преку соодветни тематски предавања, да добијат сознанија за одредени проблеми кои ги имаат. На трибината во Пробиштип свое излагање имаше агрономот Љубе Иванов, кој се задржа на земјоделското производство во пролетни и зимски услови, што пред неполн месец беше тема на трибина одржана и во Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top