| четврток, 6 декември 2018 |

Турчинов: Украинската војска нема да интервенира во Крим, така би ја соголиле источната граница, а Русија смета на тоа!

Украинската војска нема да интервенира за да го спречи припојувањето на Крим кон Русија, бидејќи одлучи да ја заштити својата источна граница, изјави привремениот претседател Олександер Турчинов.

Зборовите на украинскиот шеф на државата потврдуваат дека загубата на овој украински сепаратистички полуостров е неизбежна, пренесува агенцијата АФП. А на четири дена пред реферандумот за припојување на Крим кон Русија, кој во недела го организираат сепаратистичките влеасти, контактите меѓу Вашингтон и Москва се претвори во разговор на глуви.

-Не можеме да се ангажираме во воена операција на Крим, бидејќи со тоа би ја соголиле источната граница и Украина не би била заштитена, а руските војници сметаат на тоа, изјави Турчинов.

Рефереднумот на Крим е „фарс“ одлучена во „канцелариите на Кремљ“ оценува тој и „руските војници“ ќе пополнат „записници со лажни бројки“.

Турчинов, кој би требало да остане на чело на украинската држава и на вооружените сили до претседателските избори предвидени за 25 мај, говорел по состанокот на Советот на националната сигурност и одбрана во Киева.

Премиерот Јаценјук отпатувал за Вашингтон каде денеска треба да се сретне со претседателот Барак Обама и претставниците на ММФ и Светска банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top