| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовната приказна „Сината е најтопла боја“ од 13 март во кината во Македонија

сината е најтопла боја

Минатогодишниот победник на фестивалот во Кан, филмот „Сината е најтопла боја“ на францускиот режисер Абделатиф Кешиш, во кино-салите во Македонија ќе се емитува од утре, 13. март. Филмското остварување  „Сината е најтопла боја“ се издвојува како еден од најконтроверзните филмови во европската кинематографија.

Кешиш за време на тричасовниот филм внимателно гради извонредна приказна во чијшто центар се наоѓа 5-годишната Адел (Адел Eксарчопулос), која на почетокот не ја доведува во прашање сопствената сексуалност. Меѓутоа, нејзиниот живот одеднаш се менува кога таа ќе ја сретне Ема (Леа Сејду), млада русокоса жена која ќе ѝ овозможи да ја открие страста, да созрее и да се оствари како жена. Во присуство на другите Адела ја бара, ја губи и потоа повторно ја наоѓа сопствената личност.

– Јас немам ништо лошо да кажам за хомосексуалноста, во филмот не се обидов да ја дефинирам, ниту за време на снимањето дозволив да си помислам дека – па, тоа се две жени! Попрво ги гледав како љубовна двојка, снимив филм за една голема љубов, со бесконечната убавина и болката што таа ја носи со себе – вели Кешииш..

„Златна палма“ првпат во историјата истовремено му беше доделена на Keшиш како режисер и на двете актерки во главните улоги – Леа Сејду и Адел Eксарчопулос. Жирито со кое претседаваше Стивен Спилберг инсистираше на тоа дека актерките треба да ја понесат ова почест заедно со режисерот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top