Поранешната натпреварувачка на шоуто „Икс-фактор“ Илма не се појавила на осмомартовскиот концерт во Тузла на нејзиниот ментор Кики Лесендриќ, иако била најавена како специјален гостин.
– Рече дека ќе дојде. Жал ми е што не се појави – вели Кики.
Лесендриќ прво тврдеше дека Илма била неправедно елеминирана, но потоа го променил мислењето откако ги видел гласовите на публиката.
– Гледачите гласаa за Маид Хечимовиќ. Очекувањата на родителите на Илма беа превисоки. Ја сакаа првата награда. Илма е талентирана, но првото место би било нереално доколку се види нејзиниот број на гласови. Од кога публиката учествува во гласањето, секогаш другите имаа повеќе поени од нејзе. Не сум во контакт со Илма. И бев ментор, а сега е препуштена сама на себе. Таа е последна со која би работел. Едноставно, немам музика за нејзиниот глас – додаде Кики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.