Турската полиција денеска употреби солзавец за да растера демонстранти кои протестираа поради смрта на тинејџер кој по повреди минатата година во антивладините протести падна во кома.
Повеќе од илјада луѓе протестираа пред болница во Истанбул во знак на солидарност со 15- годишниот Беркин Елван кој одел да купи леб кога во глава бил погоден од канистер од солзавец на протестите во јуни.
Елван беше 269 дена во кома и неговиот случај стана симбол за суровите тактики на полицијата спрема демонстрантите кои протестираа против владата на Реџеп Таип Ердоган.
Полицијата употреби солзавец и воден топ откако демонстрантите со камења фрлаа по полициски автобус и украдоа шлемови и штитови. На протести во Анкара на Универзитетот за технички науки полицијата исто така употреби солзавец за да растерра повеќе од илјада демонстранти.
Протести има и на централниот плоштад во Анкара каде има и повредени демонстранти. Студентите во текот на целиот ден одржуваа мирни демонстрации во Истанбул, Анкара, Измир, Анталија, Ескишехир, каде ја бојкотираа и наставата. Во Окмејдан, дел од Истанбул денеска беа затворени сите продавници во знак на солидарност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.