Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од девет до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност во попладневните часови. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 13 степени.
Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат во пораст.
Заради појавата на негативните утрински температури се предупредуваат земјоделците да преземат мерки за заштита на овошките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


