| четврток, 6 декември 2018 |

Путин до ФСБ: Стоп за надворешните интервенции

h_50709005Рускиот претседател Владимир Путин инсистира Федералната служба за безбедност (ФСБ) да ги попречува интервенциите однадвор во внатрешните работи на Федерацијата, пренесоа руските медиуми.

-Дирекната или индиректната интервенција во нашите внатрешни работи, сите форми на притисок врз Русија, врз нашите сојузници и партнери, се нешто недозволиво, подвлече шефот на државата пред колегиумот на ФСБ.

На своето годишно заседание, шефот на службата даде отчет за нивните активности во 2012 година и ги зацрта приоритетните задачи за годинава.

-Во 2012 година руското контраразузнавање ја спречи активноста на 34 кадри во службата и 181 агент на странски разузнавања, од кои 12 беа фатени на лице место, посочи Владимир Путин.

Претседателот инсистира на максимално решителни активности во екот на борбата со екстремистичките структури во Русија. За оваа цел ФСБ треба не само внимателно да ги планира своите специјални операции, туку и да постигнува „беспрекорна правна чистота“, без „никакви услови и раширувачки трактати“, изјави тој.

-Слободата на говорот во Русија е уставно право, „непоколебливо и неприкосновено“. Никој, меѓутоа, нема право да сее омраза, делејќи го општеството и земјата. Структурите, управувани и финансирани од странство, немаат право да зборуваат од име на рускиот народ, рече Путин.

Рускиот претседател прогнозира дека и во иднина ќе има обиди преку „различни инструменти за притисок, вклучувајќи и механизми со таканарелена „мека сила”, да биде забавена интеграцијата во постсоветскиот простор.

-Сувереното право на Русија и на нашите партнери да развиваат свој интегративен проект треба да биде заштитено, изјави Путин.

Тој на ФСБ му нареди за посочените прашања да дејствува во тесен контакт со службите на Белорусија, Казахстан и другите држави – учеснички во интеграцискиот процес.

Претседателот пред ФСБ ја постави и обврската во најкус можен рок „да формира единствен систем за утврдување и спречување на компјутерски напади врз информативните ресурси на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top