Украинскиот Национален совет за радио и телевизија нареди на Интернет провајдерите да го прекинат емитувањето на пет руски телевизии најдоцна до 17 часот по Гринич денеска, јави ИТАР-ТАСС.
Се прекинува емитувањето на телевизиите „Русија 1“, „Русија 24“, „ОРТ“, „РТР Планета“ и „НТВ-Мир“.
Досега половина оператори го прекинале емитувањето на овие телевизии, а другите се подготвуваат тоа да го направат.
Национален совет за радио и телевизија одлуката ја објаснува со неопходноста да се гарантира информациска безбедност во согласност со одлуката на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана на 1 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


