| четврток, 6 декември 2018 |

Родители внимавајте: Скопјанец ставал детска порнографија на „Фејсбук“

Скопјанецот Т.Ч. на профилот Tonyy Montana (Montana)од Скопје на социјалната мрежа „Фесјбук“ поставувал слики со содржина од детска порнографија.

Триесет и четири годишниот педофил објавувал слики од сексуални односи кои ги имал со малолетни девојчиња. Случајот бил откриен откако на 3-ти март Т.Ч. објавил слики со експлицитна содржина на профилот, а потоа истите му ги пратил на својот малолетен син во порака на социјалната мрежа од профил потпишан како „Skrseno srce“.

Родителите на малолетничката која е на сликите го пријавиле случајот, по што против Т.Ч. е поднесена кривична пријава.

Неговиот компјутер, мобилни телефони и поголем број ЦД-а се одземени и предадени на понатамошно истражувања, бидејќи полицијата се сомнева дека пријавениот во повеќе наврати имал сексуални односи со малолетнички кои ги фотографирал.

МВР апелира доколку некои родители забележат дека на „Фејсбук“ профилите на нивните деца биле забележани пораки од посочените профили, истите да го пријават случајот во најблиската полициска станица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top