„Не сум славен, но сум Влав“ е насловот на првиот влашки филм чија премиера во скопското кино „Милениум“ е закажана за 13 март, четврток (20 часот). Филмот е во режија на Тома Еначе, а главните улоги ги толкуваат: Тома Еначе, Линда Тајлор, Лика Черглхилеску. Дел од екипата ќе биде присутна и на премиерата во Скопје.
Филмот, кој е комедија раскажува за Тони Карамусат, славен филмски режисер, кој е фасциниран од идејата за пронаоѓање на 13. фундаментална вистина за Власите. По митот, вистината ја знае Арманамеа, последната наследничка од овој народ. Тони излегува на состаноци со млади девојки од целиот свет, во надеж дека ќе ја пронајде вистината, а и неговата сродна душа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура