
Брачна двојка во Лесковац кренала паника тврдејќи дека некој им го украл штотуку роденото бебе.
– Ми го украдоа детето – викал колку го држел гласот 24-годишниот Д.С. од Лебане покрај маркет во близина на Здравствениот дом во Лесковац, додека 20-годишната сопруга Ж.С. се гушела во солзи не верувајќи што ѝ се случило.
Тврделе дека го оставиле бебето Синиша на задното седиште од автомобилот. Сопругот заедно со четиригодишната ќерка од болница ги зеле сопругата и приновата. Жените кои биле во близина веднаш почнале да плачат, а многумина почнале да телефонираат во обид да ѝ помогнат на младата брачна двојка.
– Им предложив да одиме во болницата, од каде што ги зел тукушто родениот син и сопругата. Додека одевме кон болницата, сопругот плачеше, се удираше по главата и викаше: Леле, леле кој го украде – раскажува еден очевидец на настанот,
– Кога стигнавме на паркингот кај болницата, го паркираа возилото и излегоа, а тој и сопругата почнаа да се удираат по главата и по гради и низ плач да колнат: Кој ни го украде Синиша, да даде Бог да умре! Рацете да му се исушат, да се збудали до крајот ан животот – вели очевидеот за српски „Курир“.
Луѓето почнале да се собираат и да ги сожалуваат младите родители Д.С. и Ж.С.
Меѓутоа, додека Д.С. ја затворал вратата од автомобилот, се слушнало плачење на бебе.
– Не знаевме од каде доаѓа. Ми се чини дека престанавме да дишеме за да чуеме подобро. Меѓутоа, тишината ја разби четиригодишната ќерка која целата среќна, почна да скока околу багажникот. Тато, тато, бато е во багажникот! Го отворивме и внатре ја надовме корпата за бебе и внатре малиот Синиша, кој се разбидил и почнал да плаче. На сите, а особено на младите родители, истиот момент сѐ им стана јасно. Не сакаат да си викаат еден на друг, само со корпата и со Синиша во него се гушкаа и се љубеа. Веднаш се откажани сите пријави и апели за потрга по украденото бебе – вели соговорникот за „Курир.“
Синиша си спиел
Како што вели Д.С. возбуден што ги зел сопругата и синот од родилиштетот, кога влегле во автомобилот на брзина, несевесно ја ставил корпата со бебето во багажникот, а сопругата со работите и ќерката влегле во автомобилот. По купувањето во маркетот кај Здравствениот дом, младиот татко без да се сети што направил, забележал дека го нема бебето. А за тоа време Синиша си спиел. Се разбудил токму на време за да ја прекине агонијата, а љубопитните лесковчани кои се насобрале поради настанот, почнале слатко да се смеат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


