| четврток, 6 декември 2018 |

Мистериозно исчезнуваат разведени жени во Лесковац, стануваат жртви на трговија со органи?

tepacka-8e53dede

Жители на српски Лесковац живеат во страв, откако од градот исчезнале четири жени под скоро идентични околности.

Сите четири исчезнати жени излегле од нивните куќи во рани вечерни часови, имале меѓу 50 и 55 години и ниту една од нив не понела лични документи.

Жените биле високообразовани, разведени, ситуирани и имале ќерки. За сите се говорело дека биле дружељубиви и дека по исчезнувањето нивните мобилни телефони извесно време ѕвонеле, а потоа сигналот се губел.
Исчезнувањата почанеле пред две години, на 18 март 2012 година, кога исчезнала докторката Маријана Стојановиќ. Потрагата почнува да ја водат 50 до 100 полицајци на поширокото подрачје на Лесковец. На сличен начин исчезнале и Лилјана Николиќ, Тамара Филиповиќ и Снежана Ѓорѓевиќ.
– Полицијата интензивно трага по нив и не е исклучена ниту една можност, па дури и дека жените се жртви на некој убиец иако во моментов тоа најмалку е веројатно. Многу поверојатно е дека жените се жртви на трговците со луѓе или со органи, а се проверува и
можноста дека некои од исчезнатите се замонашиле – изјавил за српски „Курир“ извор близок до истрагата.
Ќерката на педесетгодишната Снежана, Марија Џорџевиќ која е вработена во Агенцијата за локален економски развој, кажала дека нејзината мајка немала ниту една причина да си замине од дома, но и дека пред да замине имала „чуден“ телефонски повик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top