Атланта хоукс дочека да има цел ростер здрави кошаркари, а на шега тренерот Мајк Буденхолцер вели дека ужива во луксузот.
– Конечно имаме добра ситуација, со враќањето на дел од повредените играчи. Каква беше состојбата сезонава, ова е луксуз за нас – вели Буденхолцер.
По повредите што буквално го осакатија тимот, сега ситуацијата е многу подобра кај Хоукс. Се врати Перо Антиќ, потоа и Џеф Тиг, а наизменично паузираа и Демар Керол и Пол Милсап. Ноќеска на дуелот со Јута џез, што Хоукс го добија со 112-110, во игра влегоа 11 кошаркари на гостинскиот тим.
Атланта уште во првата фаза од регуларниот дел во НБА лигата, го загуби стартниот центар Ал Хорфорд, кој беше прв стрелец на тимот, а потоа на листата на повредени се наредија Антиќ, Тиг, Милсап, Керол, Ајон, Џенкинс, Вилијамс…
Огромните проблеми со повредите скапо ја чинат Атланта, тим што имаше позитивен биланс во источната конференција, пред да ги „фати“ серијалот од здравствени проблеми на кошаркарите. Моментно со биланс од 27 победи и 35 порази, Хоукс се на осмата позиција во источната конференција, последна што гарантира настап во плејофот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


