Дваесет и осумгодишен велешанец утрово загина во сообраќајна незгода. Несреќа се случила во Велес, утринава околу 5 часот на улицата „Благој Ѓорев“. Загинатиот Јане Ц. управувал мотоцикл, во еден момент загубил контрола и паднал во земјен канал за атмосферски води.
Поради сериозноста на повредите, момчето го загубило животот на местото на настанот.
Телото на починатиот е предадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.