| четврток, 6 декември 2018 |

На Атланта ѝ оди со џез, Антиќ одличен со 12 поени за победа против Јута

Атланта хоукс ја прекина серијата од 6 порази со триумф над Јута џез од 112-110, а македонскиот репрезентативец Перо Антиќ одигра солиден меч со 12 поени и по 3 скока и асистенции.

Хоукс, конечно, победија и на гостински терен, а го издржаа притисокот на домаќините, кои се вратија од минус 17 и на крајот можеа и да слават.

Интересно е што дури тројца кошаркари од првите петмина на Атланта имаат играно и за Јута. Кајл Корвер, Пол Милсап и Демар Керол порано играа за „џезерите“. И токму тоа трио со Антиќ и Тиг беше најзаслужно за триумфот на гостите. Корвер постигна 26 поени, најмногу на мечот, Милсап беше втор стрелец со 23 поени, а Керол реализираше 11.

Резултати: Јута – Атланта 110-112, Шарлот – Денвер 105-98, Бруклин – Торонто 101 – 97, Мајами – Вашингтон 99-90, Њујорк – Филаделфија 123-110, Милвоки – Орландо 105-98, Лос Анџелес клиперс – Феникс 112-105.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top