| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Крадачка на книги“ од 13 март во кината во Македонија

крадачка на книги

Филмската адапција на прославениот роман на Маркус Зусак, „Крадачката на книги“ од прославениот британски режисер Брајан Персивалод 13 март ќе биде во кината во Македонија.

Филмот го афирмира животот и ја покажува отпорноста на човечкиот дух во моментите на борбата за опстанок. Ова е трогателната приказна, која се одвива во текот на Втората светска војна. Низ нарацијата на самата Смрт, филмското остварување „Крадачката на книги“ го прикажува животот на необичното и храбро деветгодишно девојче Лизел (Софи Нелис), кое живее со своите старатели, великодушниот Ханс (Џефри Раш) и неговата зајадлива жена Роза (Емили Вотсон) во Германија во текот на Втората светска војна. Срамежливата Лизел, која е во шок поради трагичната смрт на нејзиниот помал брат, има тешкотии со вклопувањето во средината, особено на училиште каде што врсниците ја исмеваат бидејќи не знае да чита. Со поддршката на новото семејство и на Макс, еврејски бегалец кого го кријат под скалилата, таа го совладува читањето. За Лизел и за Макс моќта на зборовите и на имагинацијата набрзо станува единствениот излез од суровиот свет.
Додека ситуацијата во Германија се влошува и омразата станува сè поголема и поопиплива, Лизел почнува да краде книги. Меѓутоа, таа не ги задржува книгите само за себе, туку ги дели со другите. Во времето на најголемото зло во човечката историја и неверојатни опасности, Лизел успева да ја согледа и убавата страна на животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top