Едни го викаат „Порнстаграм“, други „Секстаграм“, но како и да викаат, „Порностаграм“ ги содржи најдобрите порнографски фотографии на едно место – стои во описот на оваа верзија на „Инстаграм“, која ја создал Квентин Лечемија.
Оваа социјална мрежа, за разлика од популарниот „Инстаграм“, не ги цензурира фотографиите што содржат голотии, туку напротив, служи за нивно објавување.
Квентин Лечемија е француски програмер, кој го осмислил концептот кој вклучува и апликација, засега наменета само за уредите кои што работат со оперативниот систем „андроид“.
Тој ја согледал побарувачката и потрагата по место на кое што корисниците, без страв од блокирање, ќе може да објавуваат свои порнографски фотографии, па неговиот производ е наречен „Порностаграм“.
Станува збор за сервис што функционира слично како „Инстаграм“, вклучувајќи ги и филтер опциите за фотографиите и сличниот дизајн, а „Дејли дот“ пренесува дека корисниците на оваа мрежа не се само порноѕвезди, туку обични луѓе што сакаат со светот да ја споделат поопасната страна од својата личност.
Секако, за да им биде овозможен пристап до страницата, корисниците не смее да се помлади од 18 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.