
Холивудската ѕвезда Расел Кроу налути многу муслимани со новиот филм „Ноа“.
Филмот вреден 75 милиони фунти, во кој Кроу ја толкува главната улога, го разбранува исламскиот свет затоа што, по нивно мислење, покажувањето божји пратеник во човечко тело се противи на исламските закони.
Ноа се појавува во светите книги на католиците и на муслиманите, односно во Библијата и во Куранот.
Затоа што исламот забранува прикажување слики од пророкот во уметноста, изададена е фатва на муслиманите да не го гледаат филмот.
– Ал Азхар ги прифати забелешките дека овој филм го крши исламското учење затоа што го прикажува пророкот во физички лик, а со самото тоа ги провоцира чувствата на верниците, што е забрането во исламот и е строго кршење на исламските закони – стои во фатвата која е донесена од Ал Азхар во Каиро, каде што се наоѓа центарот на сунитските муслимани.
Фатва претставува правно мислење за некој случај од исламски свештеници ако решението на прашањето не е дефинирано во исламските закони и се дефинира како најава на волјата на Алах.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


