
Италијанскиот институт за надворешна трговија денеска организира бизнис-форум на кој ќе бидат презентирани главните проекти во инфраструктурата и енергетиката чија реализација е предвидена во следните три до пет години.
На форумот ќе присуствуваат претставници од 30 италијански и 40 македонски компании од секторите инфраструктура, градежништво и енергетика.
Почесен гостин ќе биде амбасадорот на Република Италија во Македонија, Ернесто Масимо Белели, а ќе се обрати и вицепремиерот Владимир Пешевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


