| четврток, 6 декември 2018 |

Крим ги почна подготовките за спојување кон Русија

krim referendum

Почнаа подготовките за прием на Крим во Руската Федерација, објави вчера премиерот на автономната република, Сергеј Аксјонов.

Ако жителите на Крим се изјаснат за соединување со Русија, нивниот влез во составот на Руската Федерација ќе се случи за само неколку месеци, рече Аксјонов во интервју за „РИА Новости“.

Премиерот истакнува дека во тој случај ќе им биде понудено на кримските Татари место во органите за власт, односно во новата влада би добиле вицепремиерска функција, две министерства и најмалку една позиција на заменик-министер. Тој, исто така, вети дека ќе бидат издвоени 22 милиони долари за враќање и сместување на депортираните Татари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top