| четврток, 6 декември 2018 |

Снег на превалците, намалена видливост на Плетвар и на Пресека

straza_sneg

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег. Снег паѓа во Страцин, Крива Паланка, на граничен премин Деве Баир, Маврово, Стража, Буково, Ѓавато, Пресека, Плетвар, Делчево и во Кула.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир сè уште е во сила.

Поради појава на магла, намалена видливост 50 – 60 метри има на планинскиот премин Плетвар и до 100 метри на планинскиот премин Пресека.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде што е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top