| четврток, 6 декември 2018 |

Претпладне слаб снег, попладне разведрување

oblacno

Вторник носи разведрување, но кон крајот на денот. Во утринските часови појава на слаб и повремен снег ќе има на повеќе места низ земјата. Во југоисточниот крај врнежите, кои ќе траат во поголем дел од првата половина од денот, ќе бидат од дожд. Во попладневните часови ќе настапи значителн намалување на облачноста, најпрво во северната половина од земјата.

Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност во границите меѓу 6°С и 9°С во поголем дел од населените места. Се очекува и вечерта да биде релативно студена со температура која ќе се спушти малку под 0°С.

Во Скопје се очекува облачно време со повремен слаб дожд и снег во утринските часови, но без услови за формирање снежна покривка. Врнежите бргу ќе престанат, а во текот на попладнето облачноста значително ќе се намали. Максималната температура ќе достигне вредност околу 9°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top