| четврток, 6 декември 2018 |

Ужасни сцени од зелениот терен: прекинат натпреварот, голманот едвај спасил жива глава

Вечерашното дерби на 24. коло на Турција меѓу Трабзонспор и Фенербахче е прекинат поради ужасното дивеење на навивачите на домаќинот.

Натпреварот беше прекинат пред завршувањето на првото полувреме бидејќи атмосферата на стадионот „Хусеин Авни Акер“ беше во најблага форма кажано невозможна за игра. Хулиганите на Трабзонспор со сѐ што ќе им дојдеше до рака фрлаа по гостинските фудбалери, па судијата немаше друг избор освен да го прекине натпреварот.

Наелектризирано беше уште на самиот почеток на натпреварот кога атмосферата на стадионот ја загреваат челниците на двата табора. Спорен бил и изборот на главниот судија Јулдирил, за кој како што тврдат кога суди, Трабзонспор секогаш губи. Оттаму тврдат дека нивниот клуб е оштетен и се прави сѐ Фенербахче да ја добие титулата првак.

Уште при доаѓањето беше каменуван автобусот на навивачите на Фенербахче. Играчите на Трабзонспор неколку пати ги молеа навивачите да престанат со фрлање предмети во текот на натпреварот, но кога Фенербахче поведе во првото полувреме, тоа беше сигнал да почне дивеењето.

Голманот го гаѓале со цигли, камења, метални цевки… а една од нив го погоди Демирел и тогаш судијата го прекина мечот.

Според правилата, причекал да се смират навивачите и го продолжил натпреварот, но дивеењето не престанало и неколку играчи биле погодени со различни предмети, така што, конечно, пред крајот на првото полувреме натпреварот бил прекинат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top