Започна реконструкцијата на некогашната стоковна куќа НА-МА во центарот на Велес, која е предвидено да прерасне во трговски центар со површина од 4.077 метри квадратни, за што ќе бидат вложени околу 600 илјади евра за интервенција во надворешниот изглед и за целосно преуредување на ентериерот. Инвеститорот „Центро Вемол“ од Велес планира во објектот да има супермаркет, продавници на познати трговски ланци, ресторан, експозитури на банки, игротека за деца и панорамски лифт. Во моментов се водат преговори со домашни и странски компании околу тоа кои брендови ќе се најдат во понудата на трговскиот центар.
Според предвидената динамика, најпрво ќе се интервенира во внатрешноста на објектот и во делот на постоечкиот маркет. Изведувач на градежните работи ќе биде компанијата „Делта Пром“ од Велес. Стоковната куќа НА-МА беше продадена во текот на ноември 2012 година.
– Целта ни е да го вратиме сјајот на центарот на Велес. Објектот ќе го реконструираме со тоа што ќе добие нов лик, а внатрешноста ќе ја прилагодиме за потребите на повеќе трговски ланци, супермаркети, производители на храна и на бела техника. Ќе обезбедиме простор за потребите на банките, како и простор во кој ќе има “lounge bar” и играчница за деца, изјави директорот Томе Бабунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.