Нова медицинска опрема во Интерното одделение во ЈЗУ Градска болница во Велес. Оваа опрема е вредна 30.000 евра во неа спаѓаат ултразвучен ехо апарат, холтери за срце и крвен притисок како и апарат за стрес-тест.
Директорот д-р Атанас Василев деенска на пресконференцијата изјави дека пациентите со кардиоваскуларни заболувања ќе бидат прегледувани во Болницата.
– Многу е важна брзата дијагностика која недостасуваше досега. Пациентите веќе нема потреба да одат по приватни албуланти зашто прегледите ќе се вршат тука. Во Болницата ќе им бидат воспоставени сите интернистички дијагнози, рече Василев.
Воедни информира дека со разните обуки и едукации во земјава и странство е овозможено интернистите од Градската болница во Велес да се обучат за работа со апаратите.
Според Василев, нов дерматоскоп со кој може да се дијагностицира секоја промена на кожата на пациентите, доби и кожната амбуланта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.