Доколку Лејкерси сакаат да се пласираат во плејофот ќе мора да почнат да победуваат на ваквите дерби натпревари. А и Коби ќе мора да почне да поентира, особено по еден од најслабите (ако не и најслаб) настап во неговата 17 годишна кариера. На дуелот против Феникс Санс, Брајант постигна само 4 поени.
Ако пак победат Клиперс, тоа ќе биде за прв пат по 20 години да бидат подобри во сезонските пресметки против Лејкерс. До сега Клиперс ги победија во два наврати Лејкерс, а последниот триумф беше на 4 јануари со 107-102. Клиперс исто така се на добар пат за прв пат да бидат и дивизиски лидери на крајот на сезоната.
Со 27.0 поени по натпревар, Коби се наоѓа на четвртата позиција на листата на најдобри стрелци во НБА. Но на последните 10тина натпревари Коби во просек има само 18.3 поени.
„Мислам дека беше одлично, всушност,“ изјави Брајант. „Очигледно, постигнувајки 4 поени, со погоден 1 шут од 8 обиди не е рецепт за успех… Но не се работи за нас како индивидуалци. Важно е како можеме да му помогнеме на тимот.“
Коби изгледа го најде начинот како да му помогне на својот тим на друг начин, остварувајки во просек 8.3 асистенции на последните 11 натпревари, речиси двојно од неговиот просек од 4.7 асистенции.
Но со Клиперс е друга приказната. Коби има во просек 35.3 поени со 55.6% успешност на последните 6 натпревари против Клиперс, а на двата овосезонски дуела има вкупно 78 поени.
Крис Пол исто така има импресивни бројки на двата претходни дуела сезонава, постигнувајки 30 поени и 13 асистенции во Јануари, а на дуелот на 2 Ноември забележа 18 поени, 15 асистенци и 3 украдени топки во триумфот од 105-95
Извор: klizac.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


