| четврток, 6 декември 2018 |

Се поголем број киднапирања на Крим: полковници, новинари и членови на „Еуромајдан“

На Крим во последниве 24 часа зачестија и киднапирањата. Одговорниот на украинската воена единица, полковникот Володимир Садовник е киднапиран во Бакчисар вчера. Откако заминал на ручек, му се губи секаква трага. Началникот на стожерот, полковник Серхиј Хундер ги извести медиумите дека денеска наутро контактирал со неговата жена, рекол дека се е во ред, но дека е задржан на непознато место. Исчезнале и две активистки на „Еуромајдан“: Олександра Ријатцева и Катерина Бутко. Нив ги задржале припадници на самоодбрамбените одреди на граничниот пунк Перекопск. Се претпоставува дека и новинарката на „Тајзен“, Олена Максименко е исто така киднапирана и одведена во непозната насока.

Поради киднапирањата, но и се поголемите тензии, поголемиот број новинари, особено од западните медиуми се чувствуваат загрозени, па на терен заминуваат во поголеми групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top