| четврток, 6 декември 2018 |

Писториус повраќал во судницата, откриени страшни детали за убиената девојка

Обвинетиот јужноафрикански праолимпиец Оскар Писториус познат под името Блејд ранер, повраќал во канта под клупата во судницата во текот на сведочењето на патологот Герт Сајман, кој детално ги опишувал страшните повреди на неговата девојка Рив Стенкамп.

Патологот за време на  судењето рекол дека девојката се здобила со четири убодни рани, од кои две во главата, аостанатите две во колкот и левата рака, пишува „Дејли мејл“.

Деталното и мошне графичко сведочење на патологот за раните на телото на девојката како и прикажувањето на фотографиите од аутопсијата во два наврати го скршило Писториус. Неговата одбрана, меѓутоа не барала да прекине судењето, велејќи дека паузата и онака нема да му помогне да ја среди состојбата насвојот ум.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top