| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Нека излезе Црвенковски на избори да види колкава му е моќта

Ако сака Бранко Црвенковски да види колку е моќна силата на СДСМ со него на чело и силата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со мене и со нашите коалиции, еве му локални избори, нека дојде да се видиме, порача премиерот Никола Груевски од Охрид

premierk
На претставувањето на програмата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ од Охрид Никола Бакрачески, Груевски посочи дека внимателно ја анализирале ситуацијата, и многу прецизно и детално ги разгледале сите можни варијанти. Тој уште еднаш ја нагласи пораката дека СДСМ не треба да очекува и нема да има договор за предвремени избори.

– Нема кој повеќе да одработи за Грците во сиот овој изминат период освен Црвенковски. Четири години имаме целосна поддршка за започнување на преговорите за полноправно членство на Република Македонија во ЕУ. Тоа го кажа Европската унија и речиси сите членки. Единствената пречка за нас беше Грција, уцената да се смени името и се прифати име и идентитет што тие ќе ни ги кажат. И над целата таа работа, тие со судни маки успеваат да ја одлагаат точката за Македонија, односно за добивање датум за отпочнување преговори. Сега кога сите веруваа дека нема да може тоа Грција понатаму да го турка, како што досега го туркаше, кога сите наши пријатели во ЕУ рекоа дека сега е вистинската шанса, Бранко одработува во вистинско време за да добиеме негативен извештај. Ако нема опозиција во Парламентот, политичкиот критериум како основен во извештајот на Европската унија не може да биде позитивен-рече Груевски.

Премиерот Груевски повтори дека што и да се случи, власта го направи својот максимум и оти им понуди повеќе компромиси.

– Во овој изминат период безброј начини баравме да им се понудат компромиси. Вчера, по последен пат излеговме со пакет иницијативи и понуди, ако сакаат да дојдат на избори, да имаат излезно решение, да не останат со извалкан образ-нагласи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top