| четврток, 6 декември 2018 |

Рангелова до Шекеринска: Не бегајте од темата одговори за аферата

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, ѝ одговори на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, која на социјалната мрежа „Твитер“ напиша дека „се молат сите мои роднини до стото колено да ја напуштат државата“.

Во одговорот објавен на „Фејсбук“, Рангелова бара од Шекеринска да не ја избегнува темата за инволвираност на нејзина братучетка во аферата во која нејзиниот близок соработник Јован Деспотовски без тендер ѝ давал пари од Секретаријатаот за евроинтеграции.

„Не се сомневам во можностите, особено во финансиите на госпоѓа Шекеринска и нејзиното потесно и пошироко семејство во остварување на нејзината желба таа и нејзиното семејство да се иселат од државата. Веројатно тоа би било локација во некоја од европските центри и во стан од неколку стотина квадрати по примерот од Скопје кој доследно потоа ќе го даде под кирија по веројатно повисока цена од таа која ја добива сега. Место  со лошо одбрана иронија да се обидувате да избегате од темата, одговерете за аферите кои се провлекуваат зад вашата работа“, ѝ напиша Рангелова на Шекеринска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top