
Модниот дизајнер Карл Лагерфелд е човек што постојано нешто работи, создава и на сѐ што ќе создаде сака да остави печат. Главниот дизајнер на модните куќи „Шанел“ и „Фенди“ ќе го дизајнира својот прв луксузен хотел во светот, и тоа во Макао.
Лагерфелд досега дизајнирал ресторани, апартмани, па дури и базени, но ова ќе биде првпат тој да дизајнира хотел.
Хотелот ќе има 20 ката, со 270 соби и апартмани. Новиот хотел би бил дел од групацијата „Лисабон Палас“, која вклучува преку 2.000 соби, заедно со уште три други хотели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се извадиле и ножеви: Две лица побарале снимки од хотелот, а кога сопственикот ги одбил го нападнале
-
Мртов маж пронајден во хотел кај Бит Пазар: Лежел на подот со траги од крв и метадон
-
Инцидент во скопски хотел: Пијан гостин се расправал заради сметка за кафе, обезбедувањето морало да интервенира
-
Од хотел украл 80 радијатори, два бојлери, шпорет, лонци, чајници, чаши


